Извршниот директор на „Амазон“ открива три особини што вработените мора да ги покажат за да ја здобијат неговата доверба

Извршниот директор на „Амазон“ открива три особини што вработените мора да ги покажат за да ја здобијат неговата доверба

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси, открива три специфични особини што вработените мора да ги покажат за да ја здобијат неговата доверба.

Вработените постојано бараат начини да се истакнат, да напредуваат во кариерата и да ја здобијат довербата на своите претпоставени. Според Овластениот институт на професионалци за плати (овластена професионална асоцијација во Обединетото Кралство, која ги застапува професионалците за плати, пензиите и наградите), вработените можат да ја здобијат довербата на својот шеф преку квалитетна работа, ако се доверливи и ако се добри слушатели.

Но, ако сакате да импресионирате некој како извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси, треба да одите подалеку од обичното следење на наредбите.

Тој претходно објаснил дека уште на почетокот, кога бил водач на маркетинг-тимот на компанијата, морал да му го претстави оперативен план на тимот за продажба. Сепак, основачот Џеф Безос ја прекинал неговата презентација на средина од состанокот за да му каже дека неговите бројки се погрешни. И покрај тоа што на почетокот било срамно, Џеси истакнал дека во тој момент научил многу за корпоративната структура и начините како да се искачите на врвот. Подоцна бил унапреден во еден од врвните советници на Безос пред конечно да биде именуван за извршен директор во 2020 година.

Сега, во видео на „Јутјуб“ , Џеси ги открива трите особини со кои ќе ја здобиете почитта на вашиот шеф.

Иако можеби мислите дека тоа што ќе се согласувате ќе предизвика вашиот шеф да ве сака повеќе, Џеси не се согласува. Тој забележува дека ова е нештото во кое многу луѓе грешат - се воздржуваат да ги предизвикаат своите претпоставени. Наместо тоа, извршниот директор тврди дека стекнувањето доверба доаѓа од три главни особини: да се биде чесен, автентичен, директен.


Иако слушањето е важно, според Џеси, предизвикувањето со почит доколку не се согласувате е еднакво важно за создавање тим за соработка.

- Ако мислите дека правиме нешто погрешно за клиентите на бизнисот, кажете го тоа – порачува тој.

Но, одговорноста не е само на рамената на вработените. Всушност, Џеси забележува дека менаџерите мора да покажат ранливост и со тоа што ќе бидат гласно самокритични, дури и кога тоа е непријатно или срамно.


Исто така, имајте на ум дека податоците и доказите се исто толку важни како и вашиот аргумент кога ја изнесувате поентата.

Џеси се осврнува на тоа како вештачката интелигенција ќе ја намали потребата од човечки работници во одредени улоги, но истовремено ќе создаде сосема нови работни можности. Во емисијата Си-ен-би-си, Џеси бил прашан за планот на основачот на „Твитер“, Џек Дорси, да намали 40 % од својот персонал поради зголемување на продуктивноста на вештачката интелигенција.

Според Џеси, вештачката интелигенција е најтрансформативната технолошка промена што сме ја виделе во нашиот животен век.

Извор: uniladtech.com

Фото: YouTube screenshot