Првиот филм за роботи - погледнете го неодамна откриениот филм на Жорж Мелие од 1897 година
„Метрополис“, „Забранета планета“, „2001: Вселенска одисеја“, „Војна на ѕвездите“, „Блејд Ранер“, „Терминатор“, „Краток спој“, „Робокап“, „Дух во школка“, „Железниот џин“, „ВОЛ-И“, „Екс-машина“: постои паралелна историја на филмовите (киното) што може да се раскаже целосно преку роботите.
Тоа што таквата историја мора да започне со делото на Жорж Мелие можеби не е изненадување, со оглед на тоа што тој измислил многу техники за снимање научнофантастични филмови. Но, до неодамна не било познато дека пионерот на киното кој измислил сè некогаш вметнал и робот на екранот. Доказите се појавиле меѓу колекција стари и излитени ролни филм, кои биле од пред Првата светска војна и биле пренесувани од подруми, амбари и гаражи до библиотека.
Така пишува Нили Такер од Конгресната библиотека во Вашингтон, а го опишува дејството на еден од филмовите во кој се вклучени „магионичар и робот кои се борат на слепстик начин (стил на хумор што вклучува претерана физичка активност што ги надминува границите на нормалната физичка комедија). Се работи за филмот „Гигус и автоматот“, изгубениот филм од Мелие, изработен преку неговата компанија „Стар филм“.
Самиот Мелие го игра магионичарот, кој навива автомат облечен како познатиот кловн Пјеро, кој стои на пиедестал. Откако ќе се навие, кловнот почнува да го тепа магионичарот со својот стап. Магионичарот возвраќа со тоа што зема огромен чекан и го удира автоматот по главата, при што секој удар се чини дека го намалува на половина, сè додека не стане мала кукла.
За само 45 секунди овој едноставен филм ја воодушевил публиката во 1897 година - и навистина ја задржува моќта да импресионира, под услов да се земе предвид дека ниедна од техниките за остварување на неговите ефекти не била широко позната пред Мелие да се обиде да ја користи. Тој го сторил тоа пет години пред филмот „Патување на Месечината“ - еден исклучително амбициозен кинематографски потфат и убедливо единствениот филм што најдобро го претставува неговото наследство.
Сепак, и „Гугис и автоматот“ е дело на истиот уметник-пронаоѓач, оној што ја поседувал таа ретка комбинација на техничко знаење и уметничка смелост и кој ја разбирал потребата од врската помеѓу спектаклот и наративот.
Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot