„Тесла“ покажа како прави респиратори од автомобилски делови

„Тесла“ покажа како прави респиратори од автомобилски делови

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Автомобилската компанија „Тесла“ е една од компаниите што ги пренаменија своите машини за да произведуваат респиратори со цел да помогнат во соочувањето со кризата предизвикана од коронавирусот.


Фото: Pixabay

Во едно видео компанијата понуди ексклузивен поглед во процесот на произведување респиратори. Инженерите во „Тесла“ ги произведуваат машините со делови кои ги користат во производството на своите автомобили бидејќи тие им се достапни во моментов.

„Тесла“ не е единствената компанија што произведува респиратори поради кризата. „Форд“ и „Џенерал електрик“ работат заедно на производство на вакви машини, а „Џенерал моторс“ неодамна објави дека планира да го прави истото.

   

Автор: Мет Бурнс
Извор: techcrunch.com