dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи
Под мотото „
Трчам напред, за таа да не чекори назад“, 150 жени од
dm drogerie markt и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари -
МАГО учествуваа на годинашната „Женска трка“ во Градскиот парк во Скопје, а во рамките на иницијативата се обезбедени и 150 пакети со dm менструални производи, кои преку МАГО ќе бидат дистрибуирани до жени на кои им се најпотребни.
Соработката меѓу dm и МАГО продолжува и по трката, преку бесплатна едукативна работилница на тема менструално здравје, која ќе се одржи на 30 април во Општина Шуто Оризари. На овој начин иницијативата добива поширока општествена димензија и продолжува да отвора простор за едукација и информирање на жените во заедницата.
Поддршката за оваа порака беше видлива и на самата трка, преку транспаренти со охрабрувачки пораки, меѓу кои и „Само 100 м те делат од тоа да бидеш хероина за некоја друга жена!“, со кои беше испратена порака за солидарност, заедништво и меѓусебна поддршка.
Како дел од настанот, dm беше присутен со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, каде што учесничките и посетителите имаа можност бесплатно да добијат совети за женското здравје од специјалисти гинеколози, да дегустираат
dmBio безалкохолни коктели и да се освежат со производи за дополнителна поддршка пред и по трката.
Во соработка со МАГО, во dm катчето беше организирано бесплатно советување со гинеколози, со цел посетителките да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за теми поврзани со женското здравје. Во советувањето учествуваа д-р Весна Блажевска Сиљаноска и д-р Огнен Богданоски, специјалисти по гинекологија и акушерство.
Покрај советувањето, dm катчето понуди и зона за краток одмор и освежување, со дегустација на dmBio безалкохолни коктели и содржини наменети за пријатна атмосфера во текот на настанот.
Посебно внимание им беше посветено и на учесничките на трката. Во рамки на SOS катчето, за тркачките беа обезбедени
Mivolis магнезиум,
Balea спреј за освежување на телото,
Sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки, со цел поголема удобност, нега и чувство на свежина пред и по трката.
Со своето присуство на „Женска трка“ и соработката со МАГО, dm и овој пат го насочи вниманието кон теми поврзани со женското здравје, менструалната хигиена и потребата од достапна поддршка за жените во заедницата.
(Комерцијална објава)