Мистеријата на портокаловите костими: Лекција од 1961 што го одреди изгледот на денешните мисии на Месечината

Мистеријата на портокаловите костими: Лекција од 1961 што го одреди изгледот на денешните мисии на Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“, астронаутите Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен, ѝ го привлече вниманието на јавноста со впечатливите портокалови костими. Иако на прв поглед изгледаат како естетски избор, оваа боја е строга безбедносна мерка што буквално прави разлика меѓу живот и смрт.

Изборот на „меѓународно портокалова“ („International Orange“) потекнува од лекција од 1961 година.

За време на проектот „Меркур“, астронаутот Гас Грисом за малку ќе се удавел по слетувањето во океанот бидејќи неговиот сребрен костим бил речиси невидлив во морето.

Од 1981 година НАСА почнала да ја користи портокаловата боја бидејќи создава најсилен контраст, што им овозможувало на спасувачите полесно да ја забележат екипата од воздух во случај на итно напуштање на леталото.

Минијатурно летало во форма на костим

Со официјално име „Орион кру срвајвал систем“, овој костим е многу повеќе од облека. Дизајниран е исклучиво за фазите на лансирање и враќање на Земјата, а неговите карактеристики се импресивни.

Во случај на пад на притисок во кабината, може да го одржи астронаутот во живот до шест дена. Содржи сопствен систем за кислород, ладење и опрема за преживување (храна, нож, уреди за пловење). За разлика од старите модели, новите костими се изработуваат по мерка, овозможувајќи поголема подвижност во капсулата „Орион“.

Иако портокаловата боја е клучна за транспорт, белите костими остануваат резервирани за прошетки по Месечината (мисијата „Артемис III“) и излегување во отворен вселенски простор.

Причината е едноставна - белата боја најдобро ја одбива силната сончева радијација и обезбедува најдобар контраст со целосната темница на вселената.

Детали за мисијата

Ова е првиот лет со екипаж во рамките на програмата „Артемис“ и првпат човештвото се осмелува да излезе надвор од ниската Земјина орбита по завршувањето на програмата „Аполо“.

По неколку часа од лансирањето, астронаутите пријавиле проблем со тоалетот во леталото, кој на крај го решила Кристина Кох.

Командантот Вајземан подоцна пријавил и проблеми со „Мајкрософт аутлок“ на уредот „Мајкрософт срфес про“, но овие тешкотии не ја спречиле екипата да ја изврши мисијата.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia