Студенти се преправаа дека се мртви во знак на протест против климатската политика на германската влада

Студенти се преправаа дека се мртви во знак на протест против климатската политика на германската влада

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Околу 20 студенти што присуствувале на седницата „Младите и парламентот“ легнале на подот пред претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, додека неколку од нив држеле транспарент со натпис: „Вашата политика за климата = катастрофа“.

Активистот Максимилијан Рајмерс изјави дека целта на овој перформанс била да посочи колку е критична ситуацијата, како и да се изврши притисок врз владата на Германија.

Шојбле воопшто не се збунил од перформансот и на студентите им рекол дека може мирно да лежат на подот.

- Слободно лежете си. Но, морам да ви кажам дека утре напладне морам да ја почнам седницата на парламентот и дотогаш ќе мора да си одите - им рекол мирно Шојбле.