Шкотски остров нуди работа од соништата на светски позната плажа

Шкотски остров нуди работа од соништата на светски позната плажа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кафуле во близина на аеродромот „Бара“ на островот Бара нуди работа од соништата.

Аеродромот е глобално познат по тоа што има писта на песочната плажа. Моментално аеродромот се реновира и повторно ќе биде пуштен во употреба во текот на август, заедно со кафуле чиј капацитет е до 50 луѓе.

- Аеродромот „Бара“ опслужил речиси 11.000 патници во текот на 2022/23 година, па веруваме дека има значителен простор за генерирање приход од услугите во кафулињата. Аеродромот е многу популарен затоа што се наоѓа на самата плажа и предизвикува интерес кај туристите без оглед дали летаат или не - вели менаџерот на аеродромот, Мајкл Галбрајт.


Сега, аеродромот нуди уникатна можност за сите кандидати што сакаат да го водат кафулето кое се наоѓа веднаш до аеродромот.

- Нашето кафуле успешно работеше многу години пред да се појави коронавирусот, така што сакаме повторно да имаме квалитетно кафуле кое ќе нуди вкусно кафе, топли и ладни пијалаци и храна - велат официјалните лица.

Од „Хајлендс енд ајлендс ерпортс“ велат дека работата претставува уникатна можност за сите што бараат работа.

Извор: Dailyrecord.co.uk
Фото: Instagram