Син ми не сака деца, ниту да игра со нив ниту да им се приближи. Поради него, се оддалечивме од сите

Син ми не сака деца, ниту да игра со нив ниту да им се приближи. Поради него, се оддалечивме од сите

Имам две момчиња, на возраст од 5 и 1 година. Имаме проблем со поголемото. Воопшто не сака деца, ниту да си игра ниту да им се приближи, а ако некој дојде до него, тој бега и се крие, или вика за тие да избегаат како да се плаши од нив. Таков е од раѓање, не сакаше нови луѓе, особено деца. Не сака да одиме во парк или на гости, само сака кај баба му, кај нив дома е опуштен, па дури и разгален. Кога ќе ни дојдат гости, бега и се крие, особено ако има и дете. За братучедите вели дека не ги сака, не му требале.
Инаку, оди во градинка од 2 години, но таму не сакал да си игра со децата, туку си седел со воспитувачките. Вели дека не сака да си игра и да не му купуваме играчки, сакал да чисти и само му требале средства за чистење. Нема ниту едно другарче. Со братчето е малку груб, сака да скока со него, но го сака и го пази. Живееме во странство и на почетокот беше проблем и јазикот, но сега го разбира и зборува во градинка.
Како да постапиме со вакво несоцијално дете? Оддалечени сме од сите и затворени само дома, или само со познати луѓе заради него. Мислев дека е само фаза, ама веќе има 5 години. Се плашам дека тоа ќе се префрли и кај малото дете, веќе почнува да го имитира.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк