„Инстаграм“ тестира функција која ги принудува корисниците да гледаат реклами

„Инстаграм“ тестира функција која ги принудува корисниците да гледаат реклами

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Инстаграм“ тестира реклами што корисниците не можат да ги прескокнат.

Оваа социјална мрежа моментално им овозможува на корисниците да ги тргнат или да ги заобиколат рекламите што се појавуваат во главниот дел за слики и видеа и на „приказни“.

Но, „Инстаграм“ моментално ја тестира функцијата „ad break“ (пауза за реклами) која корисниците велат дека не можат да ја прескокнат. Сликите споделени онлајн покажуваат тајмер што одбројува до нула пред да продолжи со нормална работа.

- Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите со прелистување - пишува „Инстаграм“ и додава дека тестира тест-формат што може да донесе поголема корист за огласувачите.

Компанијата „Мета“ соопшти дека отсекогаш експериментирала со нови производи и решенија за рекламирање во согласност со трендовите на потрошувачите.

Останува да се види дали пробниот период ќе ги задоволи огласувачите, но се чини дека не оди добро кај корисниците.

Извор: ВВС
Фото: Freepik