КИБС АД учествуваше на „Social Day“ - „Од младите за младите“

КИБС АД учествуваше на „Social Day“ - „Од младите за младите“

Вчера, КИБС АД беше дел од иницијативата „Social Day“ – „Од младите за младите“, во чии рамки шестмина средношколци имаа можност да поминат еден ден во компанијата со цел да стекнат искуства и нови знаења што им беа пренесени од вработените во компанијата. „Social Day“ e една од иницијативите во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, која по четврти пат им овозможува на младите луѓе одблиску да се запознаат со работните текови и процеси во компаниите во земјава. КИБС АД, како партнерска компанија, го поддржува овој проект како дел од своите активности за корпоративна општествена одговорност.

КИБС АД постојано ја нагласува потребата од негување на корпоративната култура на општествена одговорност, паралелно со напорите да постигне извонредност и иновативност во услугите што ги нуди. Со тоа, компанијата прави значаен влог и придонес за севкупниот развој и просперитет на целата заедница.

Токму преку учеството во иницијативата „Social Day“, КИБС АД директно ја демонстрира својата посветеност во поддршката на развојот, едукацијата и оспособувањето на младите луѓе, обезбедувајќи им уникатна можност да стекнат практично искуство и да добијат увид во начинот на кој функционира корпоративниот свет. Оваа иницијатива е во согласност со основните вредности на КИБС како општествено одговорна компанија, која преку својот активен ангажман во заедницата придонесува за градењето посветла и подобра иднина за следните генерации.

(Комерцијална објава)