Сите треба да ги разгледаат овие страници на НАСА

Сите треба да ги разгледаат овие страници на НАСА

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Секој треба да ги знае интернет-страниците на НАСА бидејќи може да бидат прекрасна забава за децата.

Таму тие можат да го истражуваат Сончевиот Систем, а кога ќе им здосади, може да преминат на егзопланетите. Тоа се планети што орбитираат околу некоја ѕвезда.

На страницата за Сончевиот Систем можете виртуелно да ги вртите планетите за да видите како изгледаат од секој агол и да прочитате некои забавни факти за нив. Можете да ја видите и внатрешноста на некои планети и објекти.

Фото: Pixabay

Кликнете тука за да ја разгледате страницата за Сончевиот Систем.

Страницата за егзопланетите е малку поразлична. Виртуелно можете да стапнете на површината на секоја планета и да разгледате наоколу.

Кликнете тука за да ја разгледате страницата за егзопланетите.