Во тек се пријавите за „работата од соништата“:  Бараат кандидат за патување низ Европа кој ќе разговара со непознати луѓе

Во тек се пријавите за „работата од соништата“: Бараат кандидат за патување низ Европа кој ќе разговара со непознати луѓе

Изразот „работа од соништата“ не се користи често. Само мал број работи го заслужуваат тој опис, како што се продавачите на книги кои работат босоноги на Малдивите, чуварите на приватен ирски остров во друштво на фоки или критичарите на хотелската услуга во соба.

Но, сега се појави уште еден кандидат за таа титула - работа која вклучува платено патување низ Европа и разговори со непознати личности.

Апликацијата за личен развој „Рајз гајд“ во моментов вработува „глобален извидник за харизма“, кому ќе му плаќа околу 2.630 евра месечно за да патува низ Европа осум недели и да ги бележи своите искуства од разговорите со непознати луѓе.

Избраниот кандидат ќе го оценува секој град според срдечноста на жителите, нивната желба за разговор и леснотијата на воспоставување контакт. Врз основа на тие податоци ќе се создаде „Европски индекс на харизма“, кој ќе покаже во кои градови е најлесно да се започне разговор со непознати лица.

Од кандидатите се бара да бидат енергични, дружељубиви, самостојни и да сакаат работа со луѓе. Исто така, мора да имаат можност за патување во рамките на Европската Унија и да бидат подготвени да живеат два месеца „во куфер“. Познавањето на уште еден странски јазик се смета за предност.

Во индексот ќе бидат вклучени Рим, Барселона, Лисабон, Париз, Даблин, Атина, Амстердам и Берлин.

Покрај платата, „Рајз гајд“ ќе ги покрие сите трошоци за патување, вклучувајќи авионски билети, сместување и активности за време на турнејата.

Како да се пријавите?

Пријавите за позицијата глобален извидник за харизма се поднесуваат онлајн ТУКА. Покрај кратката биографија, кандидатите треба да испратат и видео од три-четири минути во кое ќе објаснат зошто сметаат дека се вистинскиот избор за оваа работа.

Во пријавата треба да се наведат и линкови до јавните профили на социјалните мрежи, како што се „Инстаграм“ или „Тик-ток“.

Извор: n1info.hr
Фото: Magnific