Цементарница УСЈЕ бара помошници во производство

Цементарница УСЈЕ бара помошници во производство

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од
една од најуспешните компании во земјата

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на


Помошници во производство
Одговорен за помагање во водење на технолошкиот процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во три смени.
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење во висина од една плата.

Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичко- механички анализи и нивно регистрирање, правилно работење со инструментите како и грижа за работните услови во лабораториите каде што се извршуваат анализите. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време се одвива во три смени.

Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење во висина од една плата.

Kвалификации на кандидатите:
• CCC/IV степен стручна подготовка
• Претходно работно искуство ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страната на ТИТАН УСЈЕ https://www.usje.mk во делот
„Кариера/Придружете ни се“ или на mail: hr@usje.mk или да достават CV во архива во просториите на ТИТАН УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.