Цементарница УСЈЕ вработува оператор во магацин

Цементарница УСЈЕ вработува оператор во магацин


Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на


Оператор во магацин
Прием, складирање, средување, евиденција и издавање на материјали во магацин, согласно процедурите на Компанијата.
Поддршка при процесот на автоматизација во Магацинската служба.
Ракува со електро, машински и рачен вилушкар. По потреба прави интерен попис во магацин. Работното време се одвива во две смени.
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:
• Средна стручна подготовка, IV степен
• Претходно работно искуство од 1 година во областа ќе се смета за предност
• Познавање на Microsoft Оffice
• Познавање на SAP ќе се смета за предност
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

Желба за работа во средина со високи барања Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Куса биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ www.usje.mk во делот
„Кариера/Придружете ни се“ или на mail hr@usje.mk

или да достават CV во архива во просториите на ТИТАН УСЈЕ.


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или
убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.