Префрли ја платата или пензијата во ПроКредит Банка и добиј доживотно бесплатни услуги
ПроКредит Банка подготви две посебни понуди за новите приматели на плата и пензија.
Со префрлање на платата или пензијата во ПроКредит Банка, клиентите добиваат доживотно бесплатно одржување на сметка, бесплатна дебитна картичка, бесплатно електронско банкарство и мобилна апликација, како и дополнителни поволности приспособени на нивните потреби.
За примателите на плата: кредитна картичка со 0% камата
За клиентите кои ќе ја префрлат својата плата во ПроКредит Банка, покрај доживотно бесплатните банкарски услуги што им се потребни секојдневно, Банката обезбедува и дополнителна поволност: кредитна картичка со 0% камата на сите плаќања до 31 јануари 2027 година, согласно условите на понудата.
Кредитната картичка со промотивна каматна стапка од 0% овозможува поголема слобода при плаќањата и полесно планирање на месечните трошоци.
Во комбинација со доживотно бесплатното одржување на сметката, бесплатната дебитна картичка, бесплатното електронско банкарство и мобилната апликација, ова е понуда наменета за клиентите кои од својата банка очекуваат помалку трошоци, повеќе флексибилност и едноставно управување со личните финансии од која било локација и во кое било време.
За пензионерите: повеќе сигурност и поддршка кога е најпотребна
За пензионерите, финансиската сигурност има посебно значење. Затоа, ПроКредит Банка подготви посебна понуда и за новите приматели на пензија.
Покрај доживотно бесплатното одржување на сметката, бесплатната дебитна картичка, електронско банкарство и мобилната апликација, пензионерите на возраст до 75 години можат да добијат дозволен минус во висина до една месечна пензија, без жиранти, согласно условите за одобрување.
Оваа можност обезбедува дополнителна финансиска флексибилност кога ќе се појават непланирани трошоци, без разлика дали станува збор за домот, здравјето, семејството или друга неочекувана потреба.
Поддршка во секој чекор со ПроКредит Банка
За клиентите кои сакаат да ја префрлат својата плата, ПроКредит Банка обезбедува поддршка и при самиот процес на префрлање на платата, со цел постапката за клиентите да биде поедноставна. Заинтересираните клиенти можат да аплицираат преку онлајн формата, и да ги остават своите податоци, по што тимот на Банката ќе им се јави за следните чекори.
Доживотно бесплатно банкарство и едноставно управување со парите
Банкарските трошоци можеби не изгледаат големи кога ги гледаме поединечно, но кога се плаќаат од месец во месец, на долг рок стануваат значаен издаток.
Со новата понуда, клиентите кои ќе ја префрлат својата плата или пензија добиваат доживотно бесплатен пакет услуги, а истовремено, преку мобилното и електронското банкарство, можат едноставно да ја проверуваат состојбата, да вршат плаќања и да управуваат со своите средства, додека тимот на Банката останува достапен за советување и поддршка.
Промотивната понуда важи за сите нови клиенти кои ќе ја префрлат својата плата или пензија во ПроКредит Банка до 31 декември 2026 година.
Заинтересираните клиенти можат да аплицираат преку онлајн формата, а за повеќе информации за понудата можат да се обратат во Контакт центарот на Банката на 02/2 446 000.
(Комерцијална објава)