Откријте ги традиционалните приказни и легенди од целиот свет низ две книги

Откријте ги традиционалните приказни и легенди од целиот свет низ две книги

Неверојатни две нови изданија од издавачката куќа „Просветно дело“: „Најубавите приказни од целиот свет“ и „Најубавите приказни од Илјада и една ноќ“.

Привлечни и според содржината и според идејно-илустративното решение, и двата наслова нудат по 15 приказни.

Во „Најубавите приказни од целиот свет“ ќе ги прочитате приказните „Џек и волшебниот грав“ (англиска приказна), „Василиса прекрасна“ (руска приказна), „Ждребето и реката“ (кинеска приказна), „Месечевата принцеза“ (јапонска приказна)...



Во „Најубавите приказни од Илјада и една ноќ“ се легендарните: „Приказна за Шехерезада“, „Али Баба и четириесет разбојници“, „Аладин и волшебната ламба“, „Авантурите на Симбад Морепловецот“, „Волшебниот коњ“ итн.



Лесниот и едноставен стил со кој се раскажани приказните и извонредните илустрации ги прават овие изданија привлечни не само за децата, туку и за возрасните. Различните букви и по форма и по големина создаваат стилизиран визуелен ефект, а затемнетите букви издвојуваат пораки и мудри мисли.

Откријте ги традиционалните приказни и легенди од целиот свет низ овие две извонредни изданија.