Ова се најслушаните изведувачи и песни во 2025 година според „Спотифај“

Ова се најслушаните изведувачи и песни во 2025 година според „Спотифај“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Со пристигнувањето на празничниот период дојде и подарок за сите љубители на годишните статистики, „Спотифај врепд“. Оваа година, популарниот „Бед Бани“ е прогласен за најслушан изведувач по четврт пат по ред, симнувајќи ја Тејлор Свифт од првото место.

Стриминг-платформата за музика во средата го претстави својот годишен преглед на индивидуалните и глобалните трендови во слушањето, а корисниците сега можат да ги видат своите омилени изведувачи, песни, жанрови и албуми.

Глобален врв

„Бед Бани“, со повеќе од 19.8 милијарди стримови, стана најслушаниот изведувач во светот во 2025 година. Зад него се Тејлор Свифт, „Д Викенд“, Дрејк и Били Ајлиш. Свифт последните две години (2023 и 2024) го држеше првото место, откако го презеде од Бед Бани, кој три години по ред (2020-2022) ја носеше титулата најслушан изведувач. Сега повторно се врати на врвот.

Најслушаниот албум на глобално ниво е очекувано „Debí Tirar Más Fotos“ од „Бед Бани“. Потоа следуваат саундтракот за „Кпоп димон хантерс“ и три изданија од 2024 година: „Hit Me Hard and Soft“ на Били Ајлиш, „SOS Deluxe: LANA“ на Сиза и „Short n' Sweet“ на Сабрина Карпентер.

Титулата најслушана песна во светот ја освои соработката меѓу Бруно Марс и Лејди Гага, „Die with a Smile“, со повеќе од 1,7 милијарди преслушувања. По неа следуваат „Birds of a Feather“ од Били Ајлиш и „АРТ“ на Бруно Марс и од Billie Eilish, APT. од Bruno Mars и Розе, „Ordinary“ од Алекс Ваорен и „DtMF“ од „Бед Бани“.

Доминација на големите имиња и стримингот

Не е изненадување што најголемите светски ѕвезди продолжуваат да доминираат на листите на „Спотифај врепд“. Тие се истакнати на целата платформа, вклучително и на влијателните плејлисти, а покрај тоа имаат и лојална база на обожаватели. Независните музичари што се појавуваат на индивидуалните листи на корисниците би морале да соберат милијарди стримови за да стигнат до глобалниот врв.

Стримингот сочинува 84 отсто од приходите на музичката индустрија во САД, според податоците на Американското здружение на дискографската индустрија.

„Спотифај“ е најголемата платформа со приближно 31 отсто удел на пазарот, со пријавени 713 милиони корисници и 281 милион претплатници на повеќе од 180 пазари. Тоа е значително зголемување во однос на минатата година, кога бројките изнесуваа 626 милиони корисници и 246 милиони претплатници.

Извор: n1info.hr 
Фото: Screenshot/YouTube