Научници предвидуваат целосно преминување на чиста енергија до 2050 година

Научници предвидуваат целосно преминување на чиста енергија до 2050 година

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците најдоа начин за целосно префрлање на 143 земји на чисти енергетски извори до 2050 година.

Агресивниот план би можел да ја намали глобалната побарувачка за енергија за повеќе од половина во следните 30 години со користење претежно на постојната технологија - клучен чекор кон превенција на најкатастрофалните влијанија на климатските промени.

Планот, кој неодамна беше објавен во списанието „Уан Ерт“, всушност, е надградување на стар извештај од истиот тим од „Стенфорд“, кој сега опфатил помалку земји.

За новиот проект потребни се 73 билиони долари, од кои дел би биле насочени кон развој на нови технологии, како оние што чистата енергија би ја вклучиле во меѓународниот транспорт на патници. Експертскиот тим тврди дека сите вложувања би се исплатиле 7 години по започнувањето на проектот и дека во процесот би се отвориле неколку милиони нови работни места.

Иако целосното преминување на чиста енергија до 2050 година можеби изгледа агресивно, истражувачите веруваат дека процесот би можел да се заврши и многу порано, со оглед на тоа дека уште во 2009 година се дојде до заклучок дека 100-отстотното преминување на чиста енергија економски и технолошки би било можно до 2030 година.