Уживајте додека трае! Овие работи ќе ви недостигаат откако ќе дипломирате

Уживајте додека трае! Овие работи ќе ви недостигаат откако ќе дипломирате

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Додека студираме, едвај чекаме да заврши тој период од животот за да заборавиме на семинарските и полагањето испити. Но штом ја земеме дипломата, често сфаќаме колку работи сме ги земале здраво за готово.

Студирањето, и покрај стресот и обврските, е еден од најубавите периоди во животот. Важно е да го искористите секој момент. За оние што сè уште се сомневаат, еве неколку работи кои ќе ви недостигаат кога ќе дипломирате.

Некогаш мора да брзате за да стигнете на предавање, но имате повеќе денови кога може да спиете до пладне. По дипломирањето, треба да чекате викенд за тоа.

via GIPHY



Попусти за настани, поевтин превоз, поевтина храна. Треба да продолжиме?

Веројатно ја имате можноста викендот да го почнете во среда попладне. Или тогаш да го завршите претходниот викенд.

Дома ве чека чиста и испеглана облека благодарение на вашата вредна мајка.

Пиење евтино пиво на клупа во парк без никој да ве осудува.

Седење на работна маса само неколку часа дневно.

via GIPHY



Прескокнување предавања затоа што сте испиле премногу претходната вечер.

Секојдневно дружење со пријателите.

Летен распуст што трае речиси 3 месеци.

Извор: Dnevnik
Фото: Pixabay