Сакате да откриете нешто ново на интернет? Оваа страница ви овозможува да талкате наместо да пребарувате
Веројатно би биле потребни неколку животи за да се истражи сè што се наоѓа на интернет. Бидејќи никој нема толку многу време, повеќето луѓе се држат до неколку негови делови, како што се социјалните мрежи „Гугл“, „Јутјуб“, „Чет-ГПТ“ и слично.
Ова е практично, но исто така ве лишува од скриените радости од истражувањето и откривањето на нешто ново и непознато. Сакате да го избегнете тоа? Во тој случај, веб-страницата „Вирална прошетка/ Viralwalk“ може да ви биде од корист.
Што е Viralwalk?
Всушност, оваа страница ви овозможува да талкате по интернет наместо да пребарувате, и тоа го правите само ако притиснете едноставно копче на кое пишува „Започни со одење/Start walking“. Кликнете на него и авантурата започнува. Ќе започнете со веб-страницата „Случајни работи што може да се прават/Rndom things to do“, каде што има предлози за работи што треба да се прават кога ви е здодевно во нешто помалку од 30 категории, почнувајќи од случајно избрани игри до шеги што можете да им ги приредите на други луѓе.

Ако продолжите да кликнувате на копчето „Одење - Прошетка/Walk“, ќе се појават случајни страници што можеби ќе ве интересираат. На пример, прво може да ви биде прикажана интернет-архивата, потоа страница што прикажува предлози за тоа што да гледате на стриминг-платформите, „Длабоко море/Deep sea“ со информации за тоа кои риби живеат на кои длабочини (и колку длабоко можат да нуркаат некои цицачи)...
Можете да откривате до пет нови веб-страници дневно ако не се регистрирате за да ја користите. Ако се регистрирате, бројот на страници достапни за откривање ќе се зголеми на 20. Ако сакате неограничен пристап, треба да плаќате осум американски долари месечно.
Со регистрацијата, добивате пристап до категориите „Чил/Chill“, „Флоу/Flow“, „Муд/Mood“ и „Мувмент/Movement“. „Флоу“, на пример, ќе ви понуди брз преглед на еден куп случајни веб-страници што можете да ги пребарувате додека не пронајдете една што ве интересира.
„Чил“, од друга страна, ви овозможува да се опуштите со амбиентални визуелни елементи, што е корисно кога треба да направите пауза.
Ако сакате да зачувате нешто што сте го нашле, има копче „Ми се допаѓа/Like“, како и функција „Албум“, која ви овозможува да зачувате веб-страници што се тематски слични. Албумите може да се споделат и со други. Покрај тоа, функцијата „Брза белешка/Quick Note“ ви овозможува да правите кратки белешки поврзани со она што го наоѓате.
Извор: tportal.hr
Фото: ViralWalk screenshot/Freepik