Ќерка ми често е загрижена и нервозна без причина, а и се откажува од сите активности. Како да стане посамоуверена?
Мојата ќерка има 8 години. Многу често е загрижена, се плаши, често е тажна и нервозна без причина (или барем ние не можеме да ја откриеме). Нема никаква самодоверба и често сама си претпоставува исходи од ситуации дека нема да успее, а реално не е така. Пробавме да ја запишеме на некаква активност, спорт, но се откажа. Така постапува во сите ситуации каде што треба да дојде до израз самодовербата и каде што ќе треба да се помрдне од комфорната зона. Зборуваме и зборуваме, но нема напредок. Дали е правилно да инсистираме да оди на некоја активност, спорт заради јакнење? Како можеме да ѝ помогнеме да стане посамоуверена? (Има помала сестра, која има силна позитивна ѕвезда и самодоверба и упорност.)
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк