Приватен рајски остров на Бахамите повторно на продажба по цена од 28 милиони евра

Приватен рајски остров на Бахамите повторно на продажба по цена од 28 милиони евра

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден од најголемите приватни острови на Бахамите, Бондс Кеј, некогаш поврзуван со Шакира и Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“, повторно е ставен на продажба за 28 милиони евра. Овој недопрен имот со површина од 263 хектари во 2006 година го купиле група познати инвеститори за околу 14,9 милиони евра, но нивните амбициозни планови никогаш не биле реализирани.

Островот се враќа на пазарот првпат по две децении. Првичните планови вклучувале создавање засолниште за уметници, изградба на бутик-хотел, луксузни апартмани и куќи со приватни плажи. Според тогашните најави, проектот требало да опфати галерии за современи уметници, програми за творци и можности за престој за време на академските паузи. Новиот сопственик може да го користи островот како приватно прибежиште или да го развива во слична насока, секако со претходно одобрение од бахамските власти.

- Неверојатно е да се пронајде остров од оваа големина што останал целосно недопрен. Големината на островот овозможува реализација на единствена визија без нарушување на неговата природна убавина - вели Гевин Кристи од агенцијата задолжена за продажбата.

Природни убавини и уникатна фауна


Привлечноста на островот дополнително ја зголемува неговата локација во рамките на Бери Островите, архипелаг на северот од Бахамите. Опкружен е со длабок океански канал познат како „Јазикот на океанот“, кој изобилува со богат морски свет.

Луксуз во едноставност и лесна достапност

Претворањето на островот во модерно луксузно одморалиште би барало значителни инвестиции и време. Но за оние што бараат поедноставен одмор во осаменост, по должината на брегот со ситна бела песок веќе се поставени бунгалови и бар на плажа. Иако изгледа дека е многу оддалечен, Бондс Кеј е на само 59 километри од Насау и 249 километри од Форт Лодердејл.

- Добивате целосна приватност без да ја изгубите практичната достапност - нагласува Кристи.

Островот им е достапен на сопствениците и нивните гости со брод, хидроавион или хеликоптер. 

Извор: BIZlife.rs
Фото: Freepik