A&БА Гроуп објавува оглас за приправници за сметководство и ревизија
A&БА Гроуп ДООЕЛ Скопје е компанија специјализирана за работа во областа на ревизијата, сметководството, даноците и бизнис советувањето.
Фокусирајќи се на домашните, но и европските клиенти, нашата експертиза опфаќа различни дејности - трговијата, производството, природните ресурси, енергијата, телекомуникациите информатичката технологија, НВО се само дел од дејностите во кои сме ангажирани.
A&БА Гроуп е членка на MGI Worldwide, која е една од најстарите меѓународни мрежи на независни ревизорски, сметководствени, даночни и консултантски фирми во светот со повеќе од 70-годишно постоење во која се вклучени повеќе од 9.400 професионалци во 102 земји на 455 локации.
Нашето членство во MGI Worldwide ни овозможува не само размена на знаења и искуства, туку и континуирана надградба и усовршување на нашите професионални знаења резултирајќи со испорака на квалитетни услуги на нашите клиенти.
A&БА Гроуп е во потрага на нови членови на тимот кои ќе ги делат целите и вредностите на компанија и MGI Worldwide, заради што го објавуваме овој оглас за:
ПРИПРАВНИЦИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА
Потребни квалификации на идните членови на тимот:
• Диплома за завршено високо образование - економски факултет (предност имаат кандидатите кои студиите ги завршиле на смеровите Сметководство и ревизија и Финансиски менаџмент);
• Познавање на работа со компјутер - MS Office пакетот;
• Познавање на англиски јазик (деловна коресподенција).
• Работно искуство не е задолжително;
Профил и способности на кандидатите:
• Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
• Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост во работењето;
• Флексибилност;
• Доверливост, лојалност и професионалност;
• Тимска работа и кооперативност.
Придобивки за идните членови на тимот:
• Работа со професионален и искусен тим на експерти;
• Професионална надградба и усовршување;
• Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа;
• Можност за напредување во кариерата;
Потребни документи за апликација:
• CV;
• Диплома/Уверение за завршено високо образование – Економски факултет;
Начин на аплицирање:
• Достава на документите за апликација на e-mail: contact@a-ba.mk
Валидност на огласот:
• 7 дена од денот на објавата на огласот
Напомена:
• Само кандидатите кои ќе аплицираат во наведениот рок и ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција
• Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно важечката законска регулатива од областа на работните односи
• Со сите пристигнати апликации ќе се постапува согласно важечката законската регулатива од областа на заштитата на личните податоци