Ученици на вселенска мисија во Брисел, студентскиот живот на Лазар Бараков, намалување на бројот на матурантите... Што пишувавме неделава?

Ученици на вселенска мисија во Брисел, студентскиот живот на Лазар Бараков, намалување на бројот на матурантите... Што пишувавме неделава?

Ученици од Македонија пет дена во вселенска мисија - поминаа обука како за космонаути во Белгија

Четворица седмоодделенци од ОУ„Климент Охридски“ од Битола беа на 35-часовна обука во Европскиот вселенски центар во Брисел, Белгија, каде што поминаа низ многубројни симулации кои им покажаа како е да се лета во вселената

Кога бев студент со Лазар Бараков: Книгите за мене беа она што се сега „ајфоните“ за младите, ликовите од нив стоеја пред мене и живеев со мислата да бидам актер

Факултетот, освен на глума, ме научи на ред, чистота на душата, војничка дисциплина... Сега кога си го враќам филмот назад во студентските денови, гледам дека сум бил хиперактивен во работата. Не сум мислел дали сум гладен, најаден. Ако ми бил денот исполнет, не сум чувствувал глад, сум бил сит, духовно смирен, расположен, се присетува Лазар Бараков на своите студентски години

Пратка се чека по неколку месеци, а кога ќе стигне, нема кој да ја донесе: Граѓаните ја одбегнуваат Пошта поради лошото работење

Огромни загуби, превработеност, рекламации за загубени пратки, лоша организација и лошо менаџирање станаа синоними за некогашниот државен гигант за поштенски услуги - АД Пошта. Кулминација беше последниот настан кога вработените молеа да земат плати, а синдикатот објави дека лошото менаџирање довело до тоа на еден работник да има еден шеф и 80 отсто од вработените да земаат минимални плати.

Македонски Брод со двојно повеќе матуранти од лани, но продолжува празнењето на училиштата во помалите општини, за две децении трипати помалку ученици

Лани станаа познати по неславниот рекорд - најмал број матуранти во Македонија, дури 11. Годинава можат да се пофалат со двојно повеќе, 23, но сепак остануваат на дното на листата со средни училишта во земјава по број на завршени средношколци. Сепак, од школото сметаат дека е за пофалба тоа што во прва година успеаја да запишат дури 42 ученици, а во претходните години на уписите имало за половина помалку. Средното општинско училиште „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод не се предава иако, како и другите училишта во помалите општини, ги чувствува последиците од депопулацијата во одредени региони.


Моника Стојанова, доктор на науки по прехранбено инженерство, со потесна научна област технолошка микробиологија, е меѓу авторите на значајната монографија „Современи екстракциони методи на биолошки активните компоненти во прехранбената биотехнологија“, издадена преку престижната издавачка куќа Cambridge Scholars Publishing, Велика Британија.