Над 700 посетители на Саемот за вработување на „МЕГА шопинг парк“ - Гевгелија
Со огромен интерес и рекордна посетеност од над 700 граѓани, денеска во Гевгелија се одржа првиот голем Саем за вработување на „МЕГА шопинг парк“. Настанот го означи почетокот на формирањето на тимот за најголемиот шопинг-парк на целиот потег од Србија до Солун, инвестиција која се простира на површина од над 20.000 m².
Станува збор за дестинација изградена според највисоки европски стандарди, која се очекува целосно да го мапира регионот како нова незаобиколна трговска точка.
На официјалното отворање на саемот се обрати генералниот директор на „МЕГА шопинг парк“, Сотирис Гианакуикис, кој упати голема благодарност до градоначалникот Андон Сарамандов и Општина Гевгелија за нивната континуирана поддршка и соработка при реализацијата на овој амбициозен проект. Нивната посветеност беше од клучно значење за реализација на оваа визија, а во продолжение на своето излагање Гианакуикис ги потенцира стратешките цели на инвестицијата:
- „МЕГА шопинг парк“ - Гевгелија е првиот, но и најзначајниот чекор во светот на трговијата бидејќи ова ќе биде најголемиот шопинг-парк на целиот потег од Србија до Солун. Со неговото отворање создаваме над 500 нови работни места, со цел таа бројка да надмине 800 до крајот на втората фаза. Ова е значаен придонес за локалната економија и силен поттик за пазарот на трудот.
На саемот беа презентирани работните позиции на повеќе од 50 реномирани меѓународни и домашни брендови. Шопинг-паркот ќе понуди широк избор на брендови од различни категории, како што се мода, обувки, спорт, убавина и здравје, угостителство и супермаркет. Сите брендови што ќе имаат свои продавници во рамките на паркот може да ги погледнете
тука.
Огромниот интерес на граѓаните и големиот број поднесени апликации се јасна потврда за економското влијание на „МЕГА шопинг парк“ врз целиот Југоисточен Регион.
Големото свечено отворање на „МЕГА шопинг парк“ за сите посетители е закажано за мај оваа година.
(Комерцијална објава)