Првите вселенски туристи ќе патуваат во вселената овој јули

Првите вселенски туристи ќе патуваат во вселената овој јули

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Компанијата „Блу ориџин“, основана од милијардерот Џеф Безос, одреди датум на кој ќе испрати неколку лица што не се астронаути во вселената.

Компанијата отвори аукција за првото место во ракетата „Њу шепард“. Според планот, првиот туристички лет до вселената би требало да се одржи на 20 јули. Парите од аукцијата за првото место во ракетата ќе бидат донирани во образовна фондација на компанијата.

Вселенските туристи ќе полетаат од Тексас во капсула за 6 патници. Откако капсулата ќе се одвои од ракетата, патниците ќе патуваат надвор од границата со вселената и ќе уживаат во прекрасен поглед на Земјата само кратко пред да слетаат назад на Земјата со помош на падобран. Во меѓувреме, ракетата ќе слета во близина на местото на полетување.


Аукцијата за местото во капсулата се спроведува на веб-страницата на компанијата. Досега ракетата не била тестирана со луѓе, но го направила првото вертикално слетување пред повеќе од 5 години.

Компанијата „Спејс-екс“ на Илон Маск се наоѓа во центарот на вниманието во последните години поради работата со поголеми ракети. Во меѓувреме, „Блу ориџин“ напредува побавно, спроведувајќи неколку тестови годишно. 

Автор: Ерик Мек
Извор: cnet.com
Фото: blueorigin.com