Расте интересот за вакцинација против ковид-19. Пријавени над 256.000 граѓани

Расте интересот за вакцинација против ковид-19. Пријавени над 256.000 граѓани

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов преку веб-платформата vakcinacija.mk се пријавени над 256.346 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 84.312 граѓани.

- Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата  вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина - велат од МЗ.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани што искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и во Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.