Што да очекуваме ако кинеската ракета падне на Земјата?

Што да очекуваме ако кинеската ракета падне на Земјата?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ракетата „Лонг Марч 5Б“ паѓа на Земјата откако лансира дел од следната вселенска станица на Кина.

Ракетата долга 30 метри влезе во орбитална брзина, што значи дека сега патува околу светот на секои 90 минути - пребрзо за вселенските агенции да кажат каде би можела да падне.

Ако ракетата повторно влезе во атмосферата над населена област, резултатот ќе биде сличен на мала авионска несреќа со расфрлени делови на повеќе од 160 километри, вели Џонатан Мекдауел, астрофизичар во Центарот за астрофизика на Универзитетот „Харвард“.

За среќа, голема е веројатноста луѓето да бидат безбедни и да има мали штети врз зградите или околината. Ова не се должи на превентивни или одбранбени мерки, туку на статистиката.

За ваков настан, не е можно точно да се предвиди каде ќе падне објектот или неговите делови, вели Европската вселенска агенција.

Ова главно се должи на тоа што атмосферската густина, што е она што ќе ја поттикне висината на ракетата до евентуално повторно влегување, не е позната под 300 километри, бидејќи вселенските летала не летаат на толку ниска височина.

Ракетата „Лонг марч 5Б“ во моментов флуктуира на надморска височина од 170 до 372 километри, иако беше забележан пад на 160 километри.

Голема е веројатноста објектот едноставно да изгори при повторно влегување, но делови од ракетата со висока точка на топење може да паднат на Земјата. Експертите се обидуваат да откријат што точно ќе се случи при повторно влегување бидејќи Кинеската вселенска агенција дава само ограничени информации за нејзиното летало.

Сепак, бидејќи Земјата е 75 отсто вода и бидејќи големи области се ненаселени, ризикот е доста мал.

- Најлошото сценарио е една од структурните шипки да удри некого, што потенцијално е фатално, но веројатно нема да има повеќе жртви - вели Мекдауел.

Тој додава дека остатоците ќе патуваат со приближно 160 километри на час, така што може да има голема материјална штета, но бидејќи ќе се прошири низ 160 километри, само едно или две парчиња веројатно ќе погодат населено место.

Голем број веб-страници, како што е orbit.ing-now, користат радарски податоци за да ви покажат во реално време каде се наоѓа ракетата над Земјата.

Како што поминува времето, леталото се приближува сè поблизу до Земјата. Во моментот мапа на воздухопловството ги покажува сите можни копнени траги во временската рамка за која се предвидува ракетата да слета.

Но, како што се приближува очекуваниот датум (8 мај), се намалува бројот на места на мапата каде што леталото би можело да падне.

- Можеби нема да можеме да ви кажеме каде ќе падне, но можеме да почнеме да исклучуваме огромни делови од светот каде што нема да падне - вели Тед Муелхаупт, експерт за вселенско ѓубре од Воздухопловната корпорација, непрофитна организација што ги советува американските владини агенции за вселената.

Воздухопловната корпорација користеше јавно достапни радарски податоци доставени од американската мрежа за вселенски надзор за да го предвиди враќањето на ракетата.

Од корпорацијата предвидуваат дека ракетата ќе падне на Земјата в недела. Други експерти сметаат дека тоа ќе се случи во временски опсег помеѓу 11:00 часот в сабота и 5:00 часот наутро в понеделник.

Фото: Screenshot/YouTube