Нова серија на „Нетфликс“ уште првиот ден ги освои критичарите: Има 94 отсто на „Ротен томејтос“

Нова серија на „Нетфликс“ уште првиот ден ги освои критичарите: Има 94 отсто на „Ротен томејтос“

Мини-серијата „Господарот на мувите“ (англ. „Lord of the Flies“) неодамна беше објавена на „Нетфликс“. Станува збор за адаптација на класикот на Вилијам Голдинг за момчиња кои се наоѓаат на остров по авионска несреќа. На „Ротен томејтос“ веќе има 94 отсто позитивни критики.

Серијата ја адаптира Џек Торн, автор на театарското дело „Хари Потер и проколнатото дете“ и наградуваната ТВ-серија „Адолесценција“, додека режијата ја потпишува Марк Манден. Приказната следи повеќе од дваесет момчиња во 50-тите години кои, без надзор од возрасни, постепено тонат во тиранија и насилство, со јасна порака за кревкоста на демократијата и тенката линија на цивилизациските правила.

Секоја од четирите епизоди во прв план става различен лик, а серијата започнува од перспективата на Пиги, разумно момче кое по несреќата се обидува да воспостави систем на гласање. 

- Напредувавме општествено и технолошки, но истите проблеми сè уште постојат. Би рекол дека ако денес ставите 40 момчиња на тропски остров, веројатно би се случило истото, за жал - вели Дејвид Мекена, кој го глуми Пиги.

- Мислам дека сите момчиња претставуваат некој аспект од човечката природа. Џек очигледно претставува некои од помрачните аспекти - вели актерот Ајк Талбут, кој го глуми момчето Сајмон.

Режисерот Манден го опиша снимањето како хаотично поради големиот број момчиња помлади од 12 години, но токму таа немирна енергија сакал да ја пренесе и на екранот.

Снимањето траело пет месеци, од јули до декември 2024 година, на ненаселени острови во Малајскиот Архипелаг. 

 

Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube