Почина поетот и академик Матеја Матевски
Синоќа почина нашиот истакнат поет и академик Матеја Матевски, на 89-годишна возраст.
Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а завршил Филолошки факултет во Скопје.
Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми.
Бил генерален директор на Радио-телевизија Скопје, членувал во Друштво на писатели.
Тој бил претседател на МАНУ од 2001 до 2004 година.
Академик Матевски е единствениот добитник на највисокото признание за литература „Премио медитерано пер литература 2005“.
На јубилејното 50. издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година го доби „Златниот венец“.
Автор е на стихозбирките: „Круг“, „Липа“, „Црна Кула“, „Перуника“, „Дождови“, „Раѓање на трагедијата“, „Завевање“, „Внатрешен предел“, „Мртвица“.
Матевски ќе биде погребан утре во 12 часот на Градските гробишта во Бутел.