Македонските академици зборуваат за вековноста на македонскиот јазик, како младиот скопјанец дипломира на „Принстон“ со највисоки почести. За што пишувавме неделава

Македонските академици зборуваат за вековноста на македонскиот јазик, како младиот скопјанец дипломира на „Принстон“ со највисоки почести. За што пишувавме неделава

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Актуелните политички договори и вековниот континуитет на македонскиот јазик, кој денеска одбележува 75 години од донесувањето на правописот, како е да се студира на престижниот „Принстон“ преку примерот на младиот Божидар Станковиќ од Скопје, студентската приказна на Лидија Георгиева, професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и моден дизајнер. Интервјуа со професорите, академик Љупчо Коцарев и проф. Марјан Марковиќ, а во рубриката „Дали знаете“ откриваме колку острови има во Македонија. Ова се темите за кои пишувавме неделава.

Проф. Лидија Георгиева

Рубриката „Кога бев студент“ ѝ ја отстапивме на Лидија Георгиева, професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и моден дизајнер. Вели дека цртала од рана возраст, кога сѐ уште не знаела што е тоа моден дизајн. Во тие прекрасни моменти се изолирала во свој магичен свет каде што можела да раскажува приказни, да креира ликови, да ги замислува нивните животи.


Елизабета Секирарска

Елизабета Секирарска во редовната колумна, овој пат со наслов: „Сакам да бидам како Вас“ - го слушате ли ова, даскали?, вели дека реформите сами по себе не гарантираат успех ниту кај учениците ниту кај наставниците ако претходно не е сериозно подготвена домашната воспитно-образовната почва за „пресадување“ на туѓите искуства.


Проф. д-р Марјан Марковиќ

„Политичките договори со соседите може да ни отсечат голем дел од јазикот“, вели во интервјуто проф. д-р Марјан Марковиќ, лингвист, македонист, славист и балканист, дописен член на МАНУ. Тој го претставува најновото издание на Академијата посветено на македонските дијалекти, зборува за значењето на ова издание, за менгемето во кое политиката го става македонскиот јазик.


Божидар (Бобо) Станковиќ

Како еден млад скопјанец успеа да заврши на „Принстон“ и тоа со највисоки почести. Божидар (Бобо) Станковиќ вели дека „Принстон“ е чудно место. Од една страна, универзитетот има долга историја на исклучување различни групи луѓе, на пример, на жените им било дозволено да студираат првпат во 1969 година. Од друга страна, во последните 50-ина години „Принстон“ активно се обидува да сврти нова страница и ја користи огромната финансиска моќ да им даде шанса на сите ученици. Ова е неговата приказна.


Академик Љупчо Коцарев

Објавивме интервју со претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, кој дава научно издржана анализа за формирањето на јазиците и остро ја критикува политиката за нејзиниот однос кон македонскиот јазик. Тој вели:
- Последното, временското ограничување, кое се заговара заради иднината на македонската држава, парадоксално, ќе биде погубно токму за тоа за што се заговара - иднината. И не треба да се дозволи!
Целото интервју прочитајте го тука.



Македонија има природни убавини кои им мамат воздишки и на домашните и на странските туристи. Островите не се наша одлика, ако се знае дека има држави и со повеќе од 200 острови на својата територија. Во рубриката „Дали знаете“ пренесуваме - колку всушност острови има во Македонија?


Фото: Општина Гостивар

Ја објавивме и колумната на Даниел Ѓорѓевски, археолог од Гостивар. Тој дебатира на прашањето „Ја крие ли Гостивар најголемата тајна на римската архитектура?“ Тој вели: со години се случуваат многубројни културно-уметнички и друг вид јавни настани токму тука, промовирани од страна на локалните авторитети како настани што се случуваат во... „летниот амфитеатар“.