Погледнете го новиот краток филм на Мартин Скорсезе, снимен во неговиот дом

Погледнете го новиот краток филм на Мартин Скорсезе, снимен во неговиот дом

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Филмот „Ирецот“ ја обележа минатата година за режисерот Мартин Скорсезе. Оваа година тоа ќе биде краток филм снимен со мобилен телефон во неговиот дом.

Филмот неодамна беше прикажан во емисија на Би-би-си за време на карантинот.

Кога станува збор за долгометражните филмови, Скорсезе планира да снима вестерн-филм со дејство во Оклахома во 20-тите години на минатиот век. Во филмот ќе глумат Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро.


Извор: openculture.com
Фото: YouTube