Ве напаѓаат комарци? Научниците имаат нов предлог како да се заштитите

Ве напаѓаат комарци? Научниците имаат нов предлог како да се заштитите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали може да се спречат нападите од комарците со темелно миење со сапун? Според неодамна објавено истражување од Универзитетот „Вирџинија тек“, може. Се чини дека миењето со одредени сапуни ги привлекува комарците, додека други сапуни им се одбивни на овие инсекти.

Според истражувачите, ефектите на сапунот врз непцето на комарците варираат од личност до личност и зависат од уникатниот мирис на секоја личност. Едно лице може да биде исклучително привлечно за комарците додека не е измиено со сапун, а потоа да стане попривлечно за комарците откако ќе се измие со еден вид сапун или одбивно по миење со друг вид сапун.

- Она што навистина е важно за комарците не е најзастапената хемикалија, туку специфичните врски и комбинации на хемикалии, не само од сапуните, туку и од нашите лични телесни мириси - изјавил главниот автор на студијата, Клемент Виноже.

Според него, сапуните со мирис на кокос веројатно се најдобри за одбивање на комарците.

Сепак, авторите посочуваат дека секој мириса различно и местото на живот, исхраната и други фактори одредуваат дали ќе бидете привлечни или одбивни за комарците.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay