„Малиот принц“: Вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите

„Малиот принц“: Вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Малиот принц“ на многумина им го обележа детството и претставува книга што секој мора да ја прочита. Дури и по речиси 80 години, книгата ги нуди најголемите животни лекции што човек треба да ги знае.

Ова се некои од најважните.

- Од секој треба да го бараме само она што може да го даде.

- На човек никогаш не му е по волја, каде и да е.

- Говорот е извор на сите недоразбирања.

- Човекот е осамен и меѓу луѓето.

- Морам да го издржам присуството на неколку гасеници ако сакам да ги запознам пеперутките.

- Децата мора да им простат многу работи на возрасните.

maliot princ
Фото: Instagram

- Вообразените луѓе секогаш слушаат само пофалби.

- Само децата знаат што бараат.

- Многу е потешко да си судиш себеси отколку на другите. Ако успееш правилно да си судиш, значи дека си вистински мудрец.

- Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите.

-  Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа.

- Луѓето купуваат работи што ги чекаат готови во продавниците. Но никаде не постои продавница во која можеш да купиш пријателство.

- Најубавите нешта во светот не можеме да ги видиме и допреме, туку само да ги почувствуваме со срцето.

Извор: Vogue