Што можете да сторите доколку страдате од болка во грбот?

Што можете да сторите доколку страдате од болка во грбот?

Секој се соочил со болка во грбот најмалку еднаш во својот живот, иако и болката во вратот не e помалку честа. Генерално болката е акутна по природа и исчезнува по 2 до 3 недели.



Болката во грбот најчесто е предизвикана од лоши движења и стрес

Болките во грбот може да потекнуваат од различни структури во 'рбетниот столб: мускулите, тетивите, лигаментите, зглобовите, коските, интервертебралните дискови или нервните структури.

Акутната болка најчесто се јавува поради оштетување при подигнување тешки предмети или ненадејно лошо движење. Често е предизвикана од стрес, што може да доведе до напнатост во мускулите на грбот, што ја предизвикува или ја влошува болката во грбот.

Лоши навики што може да ја влошат болката во грбот:

• Несоодветно држење на телото
• гојазност
• користење ниски, меки седишта
• подигнување тешки предмети
• седење, лежење или возење подолго време

Што можете да сторите доколку страдате од болка во грбот



Редовна физичка активност може да биде корисна, како пешачење или пливање, како и вежби за релаксирање и зајакнување на грбните мускули. Тука можете да најдете основни вежби за грб кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката.

• Одморот може да биде корисен само кога болката е силна, но не и кога болката е блага.
• Топли и студени облоги
• Масажата има терапевтски ефект, како и вежби за истегнување и зацврстување на мускулите.
• Доколку почувствувате болка која предизвикува изнемоштеност, не заборавајте да ги земете лековите против болка и практикувајте ја колку можете повеќе вашата редовна физичка активност. Ова ќе ви помогне да не изгубите од вашата мускулна маса, како и да ги зацврстите грбните мускули
• Доколку почувствувате силна болка, која не поминува по една или две недели, треба да разговарате со вашиот лекар. Ова важи и за случаи кога ќе почувствувате болка по пад, удар или сообраќајна несреќа и во случај да почнете да губите чувство на допир во нозете и имате помала сила во мускулите на нозете.

Налгесин С е вистинско решение при болка во грбот



Непотребно е да страдате од краткотрајна болка во грбот, а тоа да има негативен ефект врз вашиот живот. Земете Налгесин С и навреме справете се со болката. Ова ќе ја намали можноста подоцна да имате потреба од поголема доза.

Налгесин С содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката.

Налгесин С има долготрајно дејство, што значи дека е доволно да земете еднаш на секои 8 или 12 часа. Ова е важно кога имате болка во мускулите, бидејќи во овој случај терапијата обично е подолга. Долготрајното дејство на Налгесин С овозможува мирен сон без болка во текот на ноќта.

Исто така има и противвоспалително дејство.

(Комерцијална објава)