ВИДЕО - Проф. д-р Бојан Каранаков: Студенти, вие сте најискрените и најважните критичари на нашата работа

ВИДЕО - Проф. д-р Бојан Каранаков: Студенти, вие сте најискрените и најважните критичари на нашата работа

Лектор: Ивана Кузманоска

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

Еден од професорите што добија многу пофалби за тоа како се справувале со наставата во време на корона-кризата беше и професорот Бојан Каранаков од Архитектонскиот факултет од Скопје.

- Досега најдобро се снаоѓа со настава на далечина, го пробува секој начин за полесно да ни го долови најпотребното и направи измени во наставата, што ни овозможи да имаме подобри резултати, а истовремено и да научиме во овие тешки услови - ни напиша еден студент.

Сега ние го прашавме него што има да им каже на студентите.

Погледнете ја целата негова порака: