Силно невреме го зазелени небото над Јужна Дакота

Силно невреме го зазелени небото над Јужна Дакота

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Небото во градот Су Фолс во Јужна Дакота, САД, станало зелено при големо невреме што го зафатило градот неделава. Во невремето биле повредени повеќе луѓе, а предизвикало и значајна материјална штета.

Невремињата со силен ветар и дожд понекогаш предизвикуваат феномени на небото, но зазеленувањето што се случило овој пат е екстремно ретко.

Постојат неколку теории за појавувањето на зелената нијанса на небото во текот на невремето, а според најпопуларната хипотеза, феноменот настанува поради начинот на расејување и рефлектирање на светлината на тешките дождовни капки.



Невремињата често се случуваат попладне или навечер, кога зајдисонцето прави жолта и црвена сенка на претходно синото небо. Се претпоставува дека поголемите дождовни капки може да ја рефлектираат целата светлина освен сините нијанси, па доколку невремето носи многу вода и се случи во одреден период од денот, жолтата светлина од сонцето и сината боја од капките се комбинираат во зелена нијанса.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Twitter