Мистеријата на камионот „мерцедес“ во срцето на катастрофата во Чернобил - исчезнал без трага

Мистеријата на камионот „мерцедес“ во срцето на катастрофата во Чернобил - исчезнал без трага

За катастрофата во Чернобил од 1986 година се знае речиси сè, а креативен придонес кон таа несреќа беше и одличната играна серија што во 2019 година ја продуцира „Ејч-би-о“. Меѓутоа, човекот кој го води јутјуб-каналот „That Chernobyl Guy“ објави приказна за камионот на „Мерцедес-Бенц“ кој се нашол во средината на катастрофата. Портокаловиот камион досега е виден на неколку фотографии, но никој не се занимавал со него.

Што правел камионот „мерцедес“ таму? Вградените поевтини турбини во нуклеарните реактори на Чернобил често биле неисправни и им биле потребни приспособувања со користење напредни сензори. На техничарите им била потребна подвижна лабораторија која би можела да патува од реактор до реактор, вршејќи деликатни корекции. Токму за тоа служел камионот „мерцедес-бенц ЛК“. Тоа било ретко и скапо возило, со уникатна опрема (за СССР). Двајца техничари подоцна починале од труење со радијација бидејќи сакале да го извлечат камионот од зоната на несреќата.

Овој камион бил стар само неколку месеци кога се нашол пред изворот на катастрофата, реакторот четири. Кога експлодирал реакторот, камионот бил во непосредна близина. „Мерцедесот“ и неговиот четиричлен екипаж ги прекрила радиоактивна прашина и на кутрите луѓе веројатно немало да им има спас дури и да не се задржеле подолго на местото на експлозијата. Но, техничарите ја занемариле безбедноста и се обидувале да го извлечат „мерцедесот“ од зоната на несреќата.

Тука приказната прекинува бидејќи освен за судбината на техничарите, не се споменува ништо повеќе. Не се знае дали го спасиле „мерцедесот“ и каде завршил. Како што знаете, СССР имал долга традиција на прикривање настани што ги сметал за незгодни.

 

Извор: Revijahak.hr
Фото: That Chernobyl Guy/YouTube