Татко му помага на својот слеп син да ужива во Светското првенство

Татко му помага на својот слеп син да ужива во Светското првенство

Алиреза е роден слеп, а неговиот татко смислил како да му ги приближи случувањата на теренот.

Направил модел на фудбалски терен од сламки и картон, а џамлија ја претставува топката. Во текот на натпреварот таткото ја поместува раката на Алиреза преку импровизираниот терен, покажувајќи му го движењето на топката и на играчите.



Снимката од таткото и синот воодушеви многумина на социјалните мрежи, а се надеваат дека нивниот пример ќе им помогне на другите луѓе без вид.

Извор: bbc
Фото: принтскрин/инстаграм