65 години Технички факултет Битола – инженерство, иновации, извонредност
Што ги поврзува младите кои сонувале да станат инженери пред повеќе од шест децении со студентите што денес ги создаваат технологиите на иднината? Одговорот го носи новото јубилејно видео на Техничкиот факултет Битола, единица на УКЛО, подготвено по повод 65 години инженерско образование во Битола.
Низ емотивна приказна за три деца од различни историски периоди, видеото покажува дека љубопитноста, знаењето и желбата да се создава нешто ново се вредности што не познаваат време. Токму тие вредности веќе 65 години ги негува Техничкиот факултет Битола.
Приказната започнува со историскиот развој на Битола и инженерските достигнувања што го обликувале градот, продолжува со формирањето на Вишата техничка школа и основањето на Техничкиот факултет, а завршува со современите студиски програми, лаборатории и визијата за инженерството на иднината. Како што посочуваат од Факултетот, видеото ја следи патеката од Ислахането, преку инженерските достигнувања во минатото на Битола, формирањето на Вишата техничка школа во 1961 година и основањето на Техничкиот факултет Битола (ТФБ) во 1977 година, до студиските програми денес и визијата за иднината.
Како дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,
Техничкиот факултет денес образува инженери во области кои се меѓу најбараните на пазарот на трудот. Наставата е насочена кон практични знаења, современи технологии, истражување и иновации, овозможувајќи им на студентите да стекнат компетенции што ќе ги подготват за предизвиците на современото инженерство.
Токму затоа, во рамките на овогодишната
уписна кампања , Техничкиот факултет - Битола е вистински водич и поддршка за сите матуранти кои имаат интерес кон инженерските науки и размислуваат своето високо образование да го продолжат токму на овој Факултет.
Јубилејното видео на Техничкиот факултет – Битола не е само потсетник на богатата традиција, туку и порака до идните студенти дека инженерството е професија која создава решенија, го движи технолошкиот развој и го менува светот.
Фото: Screenshot/YouTube
(Комерцијална објава)