Југословенскиот киоск кој не стана славен како неговиот црвен „близнак“

Југословенскиот киоск кој не стана славен како неговиот црвен „близнак“

Како е да се помине работниот ден во мала кутија од плексиглас, без клима, над која се наведнуваат луѓе на кои им е мачно што воопшто мораат да пријдат?

Оние што во „среќните времиња“ работеле во киоск најдобро го знаат тоа - така било во југословенскиот киоск „KC-190“, креација која и тогаш, како и денес, дефинитивно беше далеку помалку позната од музејскиот примерок, легендарниот црвен „K-67“.

Киоскот „KC-190“

Додека „K-67“ го носи потписот на словенечкиот архитект Саша Мехтиг, а беше дизајниран за потребите на конкурсот „Белградски киоск“, „KC-190“ носи „македонски печат“. Него во 1986 година го проектира Александар Никуљски, а се произведуваше во тогашната Социјалистичка Република Македонија, во Струга, во фабриката „Треска Полипласт“.

1
Фото: Facebook

Дизајнот е интересен - има микронатстрешница и пулт за корисниците, како и големо стакло со шалтер. Но, овој киоск не оддава впечаток на силен, цврст и издржлив мебел, што е и логично ако се земе предвид материјалот од кој е направен.

Затоа во него никогаш не се продаваа виршли, ниту беше преполн со слатки, весници и пијалаци, туку најчесто имаше едноставна намена - продажба на билети за градски превоз или како „стационар“ за диспечерите на ЈСП.

Можеби не беше само скромно дизајнерско решение, туку и самата намена на овој киоск доведе до тоа кога ќе го видиме некаде, да не ни е особено привлечен.

Најлошо е што во нашите спомени го поврзуваме со долгите редици за продажба на месечни билети за превоз и со обидите од диспечерите, кои баш и не сакаа комуникација со патниците, да добиеме некоја корисна информација. Нè потсетуваат на студени денови, а често ги гледаме во лоша и напуштена состојба.

Овие мали пластични „конзерви“ остануваат сведок на едно минато време. Заборавени се бидејќи за разлика од „K-67“, не стигнаа до њујоршкиот музеј „МоМА“, ниту пак некој жали по нив.

Извор: Kaldrma.rs
Фото: Twitter