Тајната на долговечноста на Клинт Иствуд: Зеленчук, медитација и правило 90:10 што со децении го следи
Клинт Иствуд на 31 мај наполни 96 години. Филмската ѕвезда вели дека и понатаму е полн со енергија, а килажата со децении му е иста. Иствуд во најголемиот дел од својот живот се потпира врз изненадувачки едноставни навики: секојдневна медитација, лесна исхрана базирана на големи количини зеленчук и умерена физичка активност.
За здрав начин на живот се одлучил уште во младоста. Кога како дете го изгубил својот татко поради болест на срцето и крвните садови, па таа загуба длабоко го погодила.
- Тогаш сфатив дека животот може да биде многу краток. Ако не се грижиш за себе, можеби нема да имаш доволно време за работите што ги сакаш - изјави тој во една прилика.
Токму тие сознанија го насочиле кон здравиот живот многу пред долговечноста да стане тренд во Холивуд.
Медитира двапати дневно
Биографот Шон Леви, автор на книгата „Клинт: Човекот и филмовите“, како еден од темелите на секојдневната рутина на Клинт ја издвојува трансценденталната медитација.
- Клинт медитира двапати дневно уште од 70-тите години. За време на снимањата се повлекува во мирен агол или одвојува неколку минути пред ручекот, ги затвора очите, мирува и се насочува на својата мантра - опишува Леви.
Според неговите зборови, оваа практика, која го намалува стресот и ги поттикнува внатрешните ресурси на организмот, му помага на глумецот да сочува бистар ум, дури и кога толкува груби и немилосрдни ликови.
Чинија полна со разновиден зеленчук
Исхраната е вториот клучен фактор за виталноста на Клинт. Уште во 50-тите години од минатиот век во неговото мени имало пченични никулци и јогурт. Неговиот начин на исхрана би можел да се опише како органски и со низок удел на масти.
Кога комичарот Џими Кимел го праша дали понекогаш јаде чипс или пилешки крилца, без размислување одговори: Ништо од тие глупости.
Наместо тоа, се придржува до правилото 90 наспроти 10. Дури 90 отсто од времето јаде лесни оброци богати со зеленчук, додека преостанатите 10 отсто ги остава за мали гастрономски уживања.
На неговото мени често се наоѓаат диви лососи, пилешко филе без кожа и разновиден зеленчук. Брокулата и шпаргалите се редовен дел од оброкот бидејќи се богати со влакна, витамини и минерали кои го поттикнуваат варењето и придонесуваат за зачувување на здравјето на коските.
Јаглехидратите ги внесува во умерени количини, избегнува засладени пијалаци и пие обична вода, за која вели дека му помага да задржи бистар ум и стабилно ниво на енергија.
Редовно вежба
Секако, не ја изоставува ниту физичката активност. Клинт го следи примерот на жителите од таканаречените сини зони, подрачја во кои живее најголем број стогодишници, и верува во секојдневно умерено вежбање.
Неговата дневна рутина вклучува и тренинг со тегови, со кој ја одржува мускулната маса.
Извор:
Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube