Физичарите ја решиле вечната дилема: што било прво, кокошката или јајцето?

Физичарите ја решиле вечната дилема: што било прво, кокошката или јајцето?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Парадоксот на кокошката или јајцето првпат бил претставен од филозофите во античка Грција за да се опише проблемот при утврдување на причината и последицата. Тим на научници од Универзитетот во Квинсленд и Институтот НЕЕЛ покажал дека и кокошката и јајцето можат да бидат први.

Ако не сфаќате, не грижете се. Одговорот лежи во квантната физика.

Д-р Жак Ромеро вели дека во квантната физика причината и последицата не се секогаш толку едноставно поставени како едно случување што предизвикува друго.
 - Она што е чудно во квантната физика е дека случувањето може да се случи без одреден ред. Земете го на пример вашето секојдневно патување до работа, каде што половина пат одите со автобус, половина со воз. Нормално, ќе го фатите автобусот, а потоа возот или обратно. Во нашиот експеримент и двата настана би можеле да бидат во прв план. Ова се нарекува „неопределен каузален поредок“ и не е нешто што можеме да го набљудуваме во секојдневниот живот - вели д-р Ромеро.

За да го проучат овој ефект во лабораторија, истражувачите користеле фотонски квантен прекинувач. Д-р Фабио Коста вели дека со овој уред редоследот на настаните - трансформацијата на формата на светлината - зависи од поларизацијата.

1
Фото: David Kapernick

- Со мерење на поларизацијата на фотоните на излезот од квантниот прекинувач успеавме да прикажеме дека редот на трансформацијата на формата на светлина не е поставен. Ова е само првиот доказ на принципот, но во поголеми размери неограничениот каузален ред може да има вистинска практична примена, како подобрување на ефикасноста на компјутерите или подобрување на комуникациите.

Уште сте збунети?

Истражувањето е базирано на физиката, за разлика од некои други што тврдат дека докажале дека кокошката дошла пред јајцето, користејќи други методи.

Во 2014 година британските научници користеле суперкомпјутер за да анализа на лушпата од јајцето која била толку детална, што можеле да ја утврдат виталната улога на протеините во формирањето на јајцето. Овој протеин бил пронајден само кај кокошката.

Но, кокошките не започнале како кокошки. Првата кокошка што постоела била резултат на генски мутации.

Други научници, пак, веруваат дека прво било јајцето, со оглед на тоа што првите амнионски јајца се појавиле пред приближно 340 милиони години, додека првите кокошки еволуирале пред 58.000 години.