Оглас за вработување во Алкалоид. Се бара: Систем администратор

Оглас за вработување во Алкалоид. Се бара: Систем администратор

Зошто „Алкалоид“?

Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!

ПРИКЛУЧИ СЕ ВО НАШИОТ ТИМ!

Бараме СИСТЕМ-АДМИНИСТРАТОР во Одделот за ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ.

Доколку сакате да бидете дел од тимот за информатичка технологија и телекомуникации на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Како ќе ве препознаеме?

- Имате завршено високо образование – факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет).
- Имате работно искуство со Microsoft и со инфраструктурата Vmware од минимум две години.
- Имате искуство со поддршка за корисници и со проекти за примена/надградба на комплексна инфраструктура.
- Имате искуство со тимска работа, работа со рокови и со поддршка за корисници.
- Предност e систем-администраторско искуство во средна или во голема компанија, особено во информатичка компанија.
- Предност се обуки за Microsoft (Windows Server, Exchange Server).
- Предност е поседувањето сертификати (MCITP, MCP, MCSA, MCSE и други соодветни за позицијата).
- Предност се познавањето и искуството од технологиите HPE, Symantec, Veritas и Backup-Restore.
- Имате напредни познавања на интернет-сервиси и на WindowsOffice.
- Активно го користите англискиот јазик (читање, пишување, говорење).
- Пожелно е да поседувате возачка дозвола од Б-категорија.

Цели и одговорности на работното место:

- управување, поддршка, надградба и одржување на Windows и на инфраструктурата VMWare;
- системска поддршка на опрема (IT и процесна), сервиси, решенија и поддршка за корисници;
- грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми и интервенции;
- корпоративно за фирми/локации/корисници од Групацијата „Алкалоид“ (во државата и надвор од неа);
- работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
- интерна (колеги/корисници) и екстерна (соработници/партнери) комуникација по хоризонтала и по вертикала;
- учество во изработката и во одржувањето интерна (техничка и валидациска) документација и
- континуирано усовршување.

Што нудиме?

- Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
- Компетитивни месечни приходи
- Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЕДЕН ОД СЛЕДНИТЕ НАЧИНИ:

- со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса career@alkaloid.com.mk (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ) или
- со пополнување електронска апликација на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате)

Огласот ќе биде отворен до 14.9.2021 година.
Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а во согласност со член 23 од Законот за работни односи.