Кинеска компанија им подари автомобили на сите вработени

Кинеска компанија им подари автомобили на сите вработени

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Зборовите успех, бонус, профит и слично не очекуваме да ги слушаме годинава, но се чини дека дури ни пандемијата не ги спречува некои компании да се развиваат и да прават профит.

Таква е кинеската компанија за производство на челик „Џиангши Вест Даиџу Ајрон енд Стил корпорејшн“. Таа остварила огромен профит годинава, па раководителите одлучиле да им подарат нови автомобили на сите 4.116 вработени како награда за надминување на целите за профит петта година по ред.

Успехот бил прославен со величествен настан организиран на 1 октомври. Биле доделени 2.933 автомобили „џианглинг форд територи“ и 1.183 „ФАВ-фолксваген маготан“ кои компанијата ја чинеле околу 500 милиони јуани (околу 74 милиони долари).

Освен тоа, компанијата изјавила дека ќе плати и за регистрацијата на автомобилите, како и за осигурувањето во следните 5 години.


Автор. Ниха Тандон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Youtube screenshot