Нова теорија за вселената ги побива сите досегашни - можеби сме на прагот на огромно откритие

Нова теорија за вселената ги побива сите досегашни - можеби сме на прагот на огромно откритие

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Теоријата за вселената е секогаш актуелна, а според новото истражување, вселената е заоблена и изгледа како гигантски надуен балон.

Истражувањето е базирано на податоци од космичката микробранова заднина што потекнува од Големата експлозија, а откритијата се во целосна спротивност со досегашните теории. Според повеќето научници, вселената е рамна и се протега во сите насоки и не се меша самата со себе.

Новата теорија вели дека вселената е „затворена“, што значи дека ако патувате надвор од галаксијата движејќи се рамно, на крајот од патувањето доаѓате онаму каде што сте почнале. Истражувачите наведуваат дека е пронајдена аномалија во космичката микробранова заднина што дава клучни информации за вселената.

teorija
Фото: Getty Images


Последните податоци покажуваат дека постојат значително повеќе „гравитациони леќи“ на космичка микробранова заднина отколку што се очекувало, што значи дека гравитацијата ги наведнува микробрановите во заднината повеќе отколку што физиката може да објасни.

Космологот Сапеинза Алесандро Мелчори од Универзитетот во Рим објаснува дека моделот на затворена вселена ќе предизвика голем број проблеми во физиката.

- Нема да кажам дека верувам во затворена вселена, јас малку сум неутрален. Најмудро е да се почекаат новите резултати од истражувањето. Верувам дека постојат разлики, но мораме да бидеме внимателни и да се обидеме да го најдеме она што го создало ова отстапување - заклучува тој.