Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Искористувањето на сончевата енергија е многу успешно и прилично компетитивно, но веќе се бараат начини како нејзината примена да стане уште поевтина, уште подостапна и уште поконкурентна, порача професор д-р Абрахим Крибус од Универзитетот „Тел Авив“ на стручното предавање пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Предавањето се одржа во рамките на Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, каде што Крибус одржа предавање под наслов „Соларна енергија – предизвици и можности“. Предавањето го организира израелската амбасада, а присуствуваше и амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан.



„Главен предизвик во користењето на соларната енергија е наоѓање решенија за оптимизација на ефикасноста во однос на цената. Затоа, применуваме нанотехнологии за добивање сончеви ќелии, нови иновативни пристапи за складирање енергија, хибридни системи за генерирање електрична енергија и друго“, рече Крибус.

Професор Крибус е #SwissEPпретприемач кој работи со помошни организации и стартапи во Македонија. ЕИР Европа е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со Ј.Е.Астин.

Крибус а активен професор на Универзитетот „Тел Авив“, на Факултетот за инженерство, оддел за механичко инженерство со 8 патенти и е автор на 260 научни труда. Тој говореше и за нови алтернативни и обновливи начини за создавање енергија.