Вака НАСА и ЕСА планираат да донесат примероци од Марс на Земјата

Вака НАСА и ЕСА планираат да донесат примероци од Марс на Земјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА планираат да донесат примероци од Марс на Земјата. Неодамна беше објавено видео во кое се покажува како двете агенции планираат да го сторат тоа.

На почетокот на видеото се гледа леталото кое патува кон Марс додека роверот „Персевиренс“, кој веќе е на Марс, го следи неговото слетување. Потоа роверот му приоѓа на леталото и ги предава примероците што ги собрал од почетокот на 2021 година.


Примероците потоа се испраќаат во орбитата на Марс со помош на ракета, а потоа леталото ги активира моторите и тргнува кон Земјата.

Леталото би требало да биде лансирано во 2028 година, а слетувањето на Марс се очекува во 2031 г. Тоа треба да се врати на Земјата во 2033 година.

Извор: Klix
Насловна фотографија: NASA