Њујорк воведува нова генерација на заштитни скелиња за пешаци
Пешачките премини покрај градилиштата во урбаните средини најчесто се како тунели низ кои повеќето луѓе не сакаат да поминат. Затворените структури и непријатното чувство од тесниот простор придонесуваат пешаците да ги заобиколат таквите премини и со тоа ја ризикуваат својата безбедност поминувајќи веднаш до работната зона.
Како се решава овој проблем во Њујорк - град каде што заштитата на пешаците стана важна урбана задача, а новите дизајнерски скелиња покажуваат дека дури и привремените конструкции можат да имаат стандард и естетика.
Како дел од градската иницијатива „Срушете ги бараките“, претставена е нова генерација на заштитни скелиња.
Решенијата, потпишани од „Аруп“ и „Практика за архитектура и урбанизам (ПАУ)“, се модуларни конструкции со полесни рамки и приспособување на различни фасади и тесни тротоари.
Додека на Балканот пешачките тунели најчесто се импровизации направени од цевки и штици, пристапот во Њујорк се однесува на проодни, транспарентни и безбедни конструкции, кои го подобруваат просторот.
Со овој пристап Њујорк покажува дека привремената инфраструктура на градилиштето може да се дизајнира внимателно како и самата зграда.
Извор: gradnja.rs
Фото: Facebook screenshot