Ги учиме буквите со Биби и Боби: Омилените ликови на децата со нови едукативни видеа во новата 2021!

Ги учиме буквите со Биби и Боби: Омилените ликови на децата со нови едукативни видеа во новата 2021!

Веќе почнавме да ги учиме буквите со Биби и Боби. На платформата edukacija.svetotnabibi.mk се објавени најнови видеа и активности на буквите А, Н и И! Видеата се достапни за сите. Сè што треба е да се регистрирате.

- Најгледаното видео од „Светот на Биби“ е „Ја учиме азбуката со Биби“, а тоа ни даде мотив да создадеме цел забавно-едукативен свет на нашата платформа edukacija.svetotnabibi.mk. Таму децата можат да се забавуваат и да учат истовремено - велат креаторите на „Светот на Биби“.

Учењето со омилен анимиран лик веќе се користи во некои од најнапредните образовни системи во Европа. Па така, преку Биби и нејзината дружина, овој вид забавна едукација им станува достапна и на децата во Македонија.

Што може да очекувате од овој серијал „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“?

Забавни едукативни и кратки видеа за буквите. Преку видеата децата ќе научат како се пишува буквата, зборови на оваа буква, како да ја препознаат и многу други интересни факти. Откако ќе завршат со гледање на видеото, може да се преземат и активности на таа буква. На десната страна веднаш под видеото се наоѓа документ кој може да го преземете. Потоа може да го испечатите и заедно со децата да правите вежби. Вака стекнатото знаење сигурно ќе остане запаметено!

Регистрирајте се на edukacija.svetotnabibi.mk

Сите што ќе се регистрираат на платформата ќе имаат пристап до најновите видеа од „Светот на Биби“, едукативни содржини, информации и изненадувања. Тоа е безбеден простор каде што децата ги гледаат омилените цртани и истовремено учат. Илјадници родители веќе се регистрираа на платформата, ве очекуваме заедно со Биби, Боби и целата весела дружина од волшебната шума.